Во текот на трите дена, посетителите на Скопје Сити Мол ќе имаат можност одблиску да се запознаат со уметноста на филигранот, да ги видат уникатните рачно изработени производи на филигранџиите и да дознаат повеќе за техниките, знаењето и вештините што стојат зад нивната изработка.
Настанот има за цел да ја доближи филигранската традиција до пошироката јавност, а особено до младите, и да ја истакне нејзината вредност не само како дел од нашето културно наследство, туку и како современ креативен занает со потенцијал за претприемништво, самовработување и развој на уникатни домашни производи.
„Денови на филигран“ ќе биде можност на едно место да се претстават занаетчиите-филигранисти и нивните автентични изработки, во кои традиционалните техники се спојуваат со современиот дизајн и новите трендови.
Со организирањето на настанот, Занаетчиска комора Скопје продолжува со своите активности за промоција на занаетчиството, поддршка на занаетчиите и пренесување на традиционалните занаетчиски знаења и вештини на новите генерации.