Превозниците од Босна и Херцеговина во понеделник излегуваат на протест

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Превозниците од Босна и Херцеговина излегуваат на протести на 31 август и се приклучуваат на регионалната акција на земјите од Западен Балкан и својот револт ќе го искажат пред зградата на делегацијата на Европската Унија во Сараево поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

Босанските медиуми пренесоа дека доколку изостане решение од Брисел, превозниците не исклучуваат и по драстични мерки.

Превозниците и претходно неколку пати излегоа на протести, но завршија без конкретен исход.

Во Понеделник протести најавија и превозниците од Македонија. Протестот ќе трае два часа и ќе се одржи пред седиштето на делегацијата на ЕУ во Скопје, со учество на најмалку 20 возила и поголем број превозници, возачи и други вработени од различни градови во државата.

Освен во Босна и Херцеговина и во Македонија протести ќе се одржат во Србија и Црна Гора. Акцијата ќе се одржи непосредно пред состанокот на работната група во Брисел, закажан за 1 септември, на кој треба да се разговара за проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Најнови вести