Европската банка за обнова и развој, вчера го објави претквалификацискиот тендер за изградба на првата линија од системот за брз автобуски превоз – БРТ во Скопје.
Градскиот татко Орце Ѓорѓиевски информираше дека тендерската постапка е распишана и ги повика заинтересираните компании од Македонија и регионот да се пријават.
„Беше навистина тешко изминатиот период да се надминат сите пречки и предизвици кои беа поврзани со овој проект, но благодарение на целиот тим во Градот Скопје, благодарение на ЕБОР и поддршката на Владата, конечно денеска е распишана тендерската постапка. Процесот на аплицирање трае до 2 ноември и ги повикувам сите заинтересирани компании и во земјата и во регионот да аплицираат на истиот за да имаме што поголема конкуренција. Конечно една од трите важни работи за скопјани поврзани со градскиот транспорт доаѓа до својот фотофиниш, а тоа е БРТ“, нагласува скопскиот градоначалник.