Кошаркарската репрезентација на Македонија ja почнува последната претквалификациски рунда за Европското првенство во 2029 година. Во овој круг има вкупно четири натпревари, а Македонија ќе трча по пласман во главната рудна квалификации.
Македонија ќе игра против селекциите на Австрија и Кипар со кои ќе одиграме по два натпревари. Првиот и единствен натпревар во септември македонските кошаркари ќе го играат попладнево во Сиена против Австрија.
Кошаркарите во овој натпревар влегуваат откако пред три дена претрпеа пораз на гостувањето во Кипар каде натпреварот заврши 72-77.
Со Ненад Димитријевиќ и новото американско засилување Рајт, црвено-жолтите ја имаат благата улога на фаворит, која ќе треба да ја потврдат на теренот. Сепак селекторот Берокал, на овој натпревар нема да може да смета на Андреј Јакимовски кој не доби дозвола за настап во репрезентацијата од својот клуб.
Дуелот Австрија – Македонија ќе почне во 16:05 часот.