Кошаркарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ моментално е најдоброрангираниот играч во НБА-лигата, објави ЕСПН.
Во пресрет на почетокот на новата сезона, ЕСПН направи рангирање на 100-те најдобри кошаркари во НБА. Јокиќ третпат по ред се најде на првото место.
ЕСПН ангажираше панел од седум свои експерти, кои направија поединечни листи со 100 најдобри играчи, по што конечниот пласман беше добиен со обединување на нивните гласови. Рангирањето се однесува на очекуваниот придонес на играчите во регуларната сезона 2026/27.
Беше голема борба меѓу Никола Јокиќ, Виктор Вембањама и Шеј Гилџес-Александер. Сите заслужуваат да бидат на врвот, но Јокиќ е прв. Две години по ред оствари трипл-дабл, што му успеало само уште на Расел Вестбрук. Минатата година не беше МВП, но шест години по ред е на првото или второто место во трката за МВП“, се наведува во образложението.
На второто место се најде кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, додека третото место му припадна на играчот на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер.
Потоа следуваат: Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс), Јанис Адетокунбо (Милвоки Бакс), Џејлен Брансон (Њујорк Никс), Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулфс), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) и Донован Мичел (Кливленд Кавалирс).