Меси постигна четири гола за Интер Мајами во убедливата победа против Монтреал

Фудбалерите на Интер Мајами го совладаа Монтреал со резултат 7:1 во натпревар од МЛС-лигата. Во тимот од Мајами блескаше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој постигна четири гола за својот тим и забележа една асистенција.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Меси се запиша во листата на стрелци во 40, 52, 83 и 96 минута, додека асистираше за голот на Луис Суарез во 80 минута. Головите за Интер Мајами ги постигнаа и Каземиро во 20 минута и Александар Шоу во 89 минута.Единствениот стрелец за Монтреал беше Фабијан Херберс во 37. минута.

Меси за првпат во кариерата постигна четири гола на еден натпревар во МЛС-лигата.

Фудбалерите на Интер Мајами со овој триумф ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа во сите натпреварувања.
Тимот од Мајами се наоѓа на второто место на табелата во Источната конференција на МЛС-лигата со 42 бода, додека Монтреал е на 14 позиција со 21 бод.

Најнови вести