Не точно дека е важно само да патувате, важно е таму каде што сте, да се чувствувате убаво и среќно. Од долги прошетки, до најквалитетниот сон во вашиот живот, ова се дестинациите што најмногу придонесуваат за подобрување на вашето расположение.
Лисабон е најсреќниот град за туристите, според новиот „Индекс на среќа при одмор“ (Holiday Happiness Index) креиран од BookRetreats.com во соработка со клиничкиот психолог д-р Натали Датило-Рајан, која е поврзана со Универзитетот Харвард.
Анализирани се 47 дестинации во светот врз основа на пет фактори кои се научно поврзани со хормоните што го подобруваат расположението. За секоја локација, анализата ги опфатила: сончевата светлина, квалитетот на сонот, опциите за здрава храна, времето поминато во природа и можностите за пешачење низ градот.
Лисабон, Португалија, е на врвот на листата. Речиси 10 проценти од рестораните во градот спаѓаат во категоријата „здрава исхрана“. Градот е погоден за прошетки, брзо се стига до повеќето главни знаменитости .
Хелсинки, Финска, се најде на второ место. Градот се издвојува по зелените површини и ниското ниво на бучава.
Орландо, САД, е на третото место, благодарение на тоа што има повеќе зелени површини по жител од која било друга дестинација во индексот, како и речиси 2.930 часа сончево време годишно.
Атина, Грција, тоа е градот најпогоден за пешачење во целото истражување и се одликува со еден од најголемите удели на ресторани што се сметаат за здрави.
Единбург, Шкотска е петти на листата и тао е единствениот град од Обединетото Кралство во првите десет – особено познат по своите паркови, квалитетот на сонот и погодностите за пешачење.
Најсреќните туристички дестинации во светот:
Лисабон
Хелсинки
Орландо
Атина
Единбург
Мадрид
Виена
Будимпешта
Осло
Вилнус