Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори нова истрага за газдата на дискотеката „Пулс”, Дејан Јованов.
Тој е осомничен за давање поткуп на вработен во министерството за економија за да добие лиценца, а не поднел барање иако знаел дека неговиот објект не ги исполнува условите за угостителска дејност.
Поради опасност од бегство, доставен е предлог за определување на притвор. Од Кривичниот суд велат дека одлуката ќе се донесе во текот на утрешиот ден.
Службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка за дејствија на примање поткуп.