Вреднување на Пишаниот збор

Доделени наградите ,,Анте Поповски – Антево перо” за 2026 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, синоќа се одржа деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо”.

Во рамки на настанот Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски Антево Перо го прикажа значењето на јубилејот – 95 години од раѓањето на Анте Поповски, 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините” и 25 години од делото „Света песна”.

Во име на жири-комисијата, се обрати д-р Атина Цветаноска, која ги презентираше кратките рецензии за сите наградени збирки.

Годинашни добитници на наградите се Даниела Андоновска-Трајковска, Емељ Туна, Милош Соколиќ, Дарија Јовановска и Марија Велинова и Ерол Туфан.

Најнови вести