Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека акциите против дивите продавачи ќе продолжат и во наредниот период, не само кај Бит-пазар, туку и во другите скопски општини.
Ѓорѓиевски порача дека продажбата на булевари, пешачки и велосипедски патеки нема да се толерира и дека оние што ќе ги повторуваат прекршоците ќе
бидат казнувани.
„Се знае каде е местото каде што треба да се продава. Не може некој да продава среде булевар, на пешачка или на велосипедска патека”, рече Ѓорѓиевски.
Во неодамнешната акција на потегот од трговскиот центар „Мавровка” до Бит-пазар беа отстранети дивите тезги поставени долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, а беа одземени околу 500 килограми храна, најголем дел земјоделски производи. Исто така беше отстранета и опремата за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.