Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид на почетокот на градежните работи за целосна реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска. Реконструкцијата опфаќа нов асфалт, нови тротоари и нова атмосферска канализација, со цел решавање на проблемите со кои граѓаните се соочуваат со години.


,,Денес, за неполна година од преземањето на одговорноста, долгогодишното барање на жителите веќе станува дело. Градежните активности се почнати, а со нив доаѓа и крајот на долгото чекање за подобри услови во своето маало. Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме. Зад нас стои дадениот збор, пред нас уште многу работа”, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека истовремено во Бутел се гради и мега-паркот на 86.000 квадратни метри, зелена површина што ќе стане ново место за прошетки, детска смеа, рекреација и заеднички семејни моменти, а во тек е и процесот за изградба на кружниот тек, како и уредувањето на речното корито на Серава.