Државен завод за статистика

Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 проценти

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Цените на угостителските услуги во
Македонија се зголемиле за 3,8 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Граѓаните годинава повторно плаќаат повеќе за храна, пијалаци и за престој, но растот на цените е далеку под нивото регистрирано во изминатиот период. Иако трендот на поскапување продолжува, најновите статистички податоци покажуваат дека темпото на раст на цените значително се забавува во споредба со изминатите години.

Угостителите во финалните цени директно ги пресметуваат зголемените трошоци за
набавка на храна, енергенси, како и растот на платите.

Кај ноќевањата, пак, во првите девет месеци од годинава е регистриран пад од 3,6 проценти во однос на истиот период лани.

Најнови вести