државен завод за статистика

Прометот во индустријата е зголемен за 5.4 % во септември 2026 година во однос на истиот месец лани

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2026 година во однос на септември 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.6 %, Капитални производи за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, бележи пораст од 25.1 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.3 %.

Од ДЗС соопштија дека прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст од 5.5 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 4.1 %.

Исто така прометот во индустријата на странските пазари во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст од 5.6 %, додека во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, бележи пораст од 3.4 %.

Најнови вести