Ќе се градат 16 нови градинки

Пуштени во употреба шест нови занимални во градинката „8 Април“ во Општина Шуто Оризари

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со новите занимални се стаба крај на листата за чекање за прием на деца во Општината Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети.

Министерот Ѓоко Велковски изјави дека до крајот на мандатот, во општините на Град Скопје ќе се изградат 16 нови објекти за предучилишно згрижување и воспитание, со капацитет за над 2.100 деца.

Паралелно со создавањето нови капацитети, инвестираме и во луѓето кои секојдневно се грижат за нашите најмали. Досега се обезбедени над 1.000 нови вработувања и унапредувања во детските градинки.

Благодарност до Кралството Норвешка и Швајцарската Конфедерација за партнерството и поддршката во реализацијата на проекти кои носат конкретна корист за децата и семејствата.

Секое ново место во градинка значи повеќе можности за едно дете и помалку грижи за едно семејство рече Велковски.

Најнови вести