Пуштена во употреба нова градинка во Општина Теарце. Новиот енергетско ефикасен објект ќе стави крај на листата на чекање за прием на деца во овој регион.
Изградбата на објектот чинела нешто над 800.000 евра, од кои најголемиот дел се добиени од Европската комисија преку програмата за претпристапна помош ИПАРД2, додека 165.000 евра се финансирани од Општина Теарце.
Објектот се состои од приземје и кат и има 10 занимални.
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски истакна дека градинката не значи само отворање на објект, туку и создавање нова можност за децата, родителите и целата заедница.





