Трагедија во турција

Спасени се најмалку пет лица по уривањето на зграда во Истанбул меѓу кои и две деца: Се трага по уште тројца

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од засега непознати причини во Истанбул се урнаа три ката од седумкатна зграда во истанбулската населба Џевизли, во општината Малтепе.

Спасувачките екипи веднаш излегоа на терен, а според првичните информации, спасени се најмалку пет лица, меѓу кои и две деца.

Уривањето се случило на улицата Догу, по што биле ангажирани пожарникари, припадници на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Националниот тим за медицинско спасување (УМКЕ), полицијата и медицински екипи.

Станарите од катовите што не се урнале биле евакуирани, додека спасувачките екипи започнале со пребарување на урнатините и потрага по евентуално затрупани лица.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, изјави дека зградата е изградена во 1987 година и дека се состои од приземје и шест ката. Во приземјето се наоѓа деловен простор, додека на катовите има станови. Зградата има вкупно 12 станови.

Најнови вести