Уште една жртва по експлозијата во фабрика за челик во западниот дел на Турција, со што бројката се искачи на 17. Уште еден од тешко повредените им подлегна на повредите. И натаму 13 лица се хидпитилаизирани
Експлозијата се случила во фабриката за железо и челик „Хабас“ (Habas), во провинција Измир, потврди претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган по седницата на Владата.
Според локалните медиуми, несреќата се случила кога попуштил мостовски кран, кој потоа паднал во електролачната печка за време на процесот на леење течен челик.