Животна средина

Чад и неподнослива смрдеа. Пожарите во депониите ја алармираа јавноста

Во земјава има околу 60 поголеми депонии кои треба итно да се санираат.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Три дена по пожарот на дивата депонија во Арачиново чадот е сe уште присутен. Жителите се загрижени за сопственото здравје. Активисти бараат конкретни мерки за да се спречат нови пожари и конечно да се стави крај на проблемот. Реагираат дека од надлежните немаат повратни информации. Во земјава има околу 60 поголеми депонии кои треба итно да се санираат.

Во меѓувреме, жителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја. Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена. Два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“. Од Државниот инспекторат за животна средина велат, превентивата е на општините, чуварските служби, култивацијата со земја.

„Согласно со член 139 од постојниот Закон за управување со отпад до формирање на регионалните центри за одржливо управување со отпад, за овие нестандардни локации се надлежни и за одржување и за вршење инспекциски надзор општините, преку градоначалникот, органите на општините и директорот и ЈКП. Постојат и ѓубришта на јавни површини за кои се надлежни општинските комунални инспектори и редари согласно законот за јавна чистота“, соопштии Државниот инспекторат за животна средина.

При опожарување на нестандардни локации досега не се вршени мерења од Државниот инспекторат, освен во случајот со Дрисла која поседува А-интегрирана еколошка дозвола и врши мерење кога двапати месечно согорува отпад и врши мониторинг на квалитет на амбиентниот воздух.

Најнови вести