Пронајдени пари и докази за криминал во Куманово од 2021 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Претресите беа извршени во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со специјалните полициски единици.

При претресите биле пронајдени поголема сума пари и документација за позајмување пари и изнуда. По пронајдената документација, истрагата била проширена и во нотарска канцеларија во Куманово. Известена била и Народната банка, која врши контрола во менувачница поврзана со брат на еден од осомничените, за да се провери потеклото на парите што биле пронајдени во претресите.

Надлежниот јавен обвинител дал налог за одземање на возила, телефонски апарати, документација и други предмети што можат да бидат значајни за истрагата.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев посочи дека станува збор за организирана криминална група чии активности, траеле од 2021 година до денес, на подрачјето на Куманово.

Најнови вести