Во среда, во 11 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје. Градоначалникот Орце Горѓиевски истакна дека во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро.
,,Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации, паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина – изјави Ѓорѓиевски.
За точните локации и начинот на приклучување, информирајте се во вашата општина, се додава во соопштението од Град Скопје.
,,Во среда, да ги засукаме ракавите и да покажеме колку силно може да биде Скопје кога неговите луѓе ќе се обединат. За чисти маала, за здрави деца, за град на кој ќе бидеме горди. Да оставиме пример, не ѓубре!” – истакна Ѓорѓиевски.
Според информациите објавени од Град Скопје, околу 30.000 луѓе биле вклучени во претходната голема еколошка акција во септември, која се одвиваше на повеќе од 50 локации низ градот.