По координација со надлежните институции и училиштата, министерката Јаневска очекува успешен почеток и тек на на новата година. Ингормираше дека трета година по ред учениците ги добиваат учебниците редовно. Изготвени се нови за прво, второ и трето одделение како и за втор клас гимназиско образование и осмо одделение каде се воведени нови наставни програми. Над 50 проценти од училиштата одржуваат настава во прва смена.
„Во 620 училишни објекти од вкупно 1023 централни и подрачни училишта е воведена едносменска настава. Ова е концепт за кој се залага владата, затоа што обезбедува повеќе придобивки. Во моментов Министерството и Владата ги прошируваат и доградуваат капацитетите на 14 училишта, во центар Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Гази баба, Кисела Вода, Илинден и Градско, а уште 15 проекти ќе почнеме етапно да ги реализираме во следните неколку месеци. Реконструирани се20 училишни објекти и спортски сали, се градат 4 нови спортски сали кои ќе бидат пуштени во употреба“, изјави Јаневска.
Ангажирани 1358 образовни асистенти
За да се олесни процесот за учениците со посебни образовни потреби во основното образование, министерството ангажирало 1358 образовни асистенти, а бројка во средното образование изнесува 166 што е најмногу досега.
Плати и образование
Повеќе пари на сметките на наставиците ќе легнат во Март следната година. Платите во образованието ќе се зголемат за 7,5 до 10 проценти. Во изминатите две години наставниот кадар доби покачување од 20 проценти, откако МОН и СОНК склучија договор.
Во Македонија има вкупно 238 000 ученици од кои 174 000 основци , 64 000 стредношколци а, 14. 52 запишани првачиња. Празни остануваат 148 училишта, а 433 паралелки ќе има помалку годинава. Министерката Јаневска ги демантираше обвинувањата и тврди оти ниту еден редовно работен наставник не е отпуштен туку напротив сите утре ќе треба да се појават на работните места.