Денеска во Домот на културата „Билјана Беличанец” во Кисела вода, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе присуствува на доделување на признанието – просветен работник во предучилишно, основно и средно образование за учебната 2025-2026 година.
Настанот е во организација на Сојузот на просветни работници, а по повод одбележувањето на 5 Октомври – Светски ден на наставниците.