30.000 вакцини против сезонски грип пристигнаа во земјава, а вакцинацијата се очекува да почне во периодот од 16 до 25 октомври. Останатите 26.000 количини треба да стигнат на 15 ноември а во меѓувреме ќе се обезбедуваат и останатите 80.000 изјави министерот Сашо Клековски.
Министерот најави дека и самиот ќе прими вакцина за грип за да ги поттикне граѓаните да се пријават. Според него, вакцинацијата во земјава ќе почне порано отколку во некои соседни држави, каде што е предвидено да започне во ноември.
Предност при вакцинацијата за грип ќе имаат лицата од ризичните групи, кои ќе се определуваат во центрите за јавно здравје.