Министерството за здравство почна да ги усогласува законите за дроги со европските прописи. Дополнително се работи на подготовка на нова Национална стратегија за дроги, како дел од Реформската агенда за периодот 2024-2027 година, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.
Европската комисија го одобрила барањето за експертска помош преку програмата ТАИЕКС, која ќе помогне во изработката на Националната стратегија за дроги, која треба да биде усогласена со европската стратегија.
Планирано е да се зајакне и Националната опсерваторија за дроги, како и да се воспостави систем за рано откривање и за
известување за нови психоактивни супстанции.
Во реформите предвидени за следната година се опфатени усогласување на листата на психоактивни супстанции со европските стандарди и воведување законска дефиниција за нова психоактивна супстанца.