Здравство

Зголемен интерес за имунизација со МРП кај деца и со вакцина против грип кај возрасни

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Малите сипаници се шират, 14-месечно бебе од Скопје е хоспитализирано на Клиниката за детски болести „Козле“, а лабораториските анализи треба да покажат дали е заразено со вирусот.

Интересот за имунизација со МРП е зголемен по петте потврдени случаи на морбили во земјава. Освен препораки, мерки нема – вели министерот за здравство Сашо Клековски.

Во градинките и во училиштата нема забрана за прием на невакцинирани деца и не се бараат потврди со кои треба да се докаже дали детето е имунизирано

„Ова е единствен начин да спречиме епидемија. Сите треба да направиме чекор кон тоа. Нема потреба да се закануваме, да присилуваме, да се фалсификуваат потврди. Нема заговор, не се измислени случаи, нема подобра заштита од вакцини“, изјави министер за здравство Сашо Клековски.

Министерот потенцираше дека е во тек и имунизацијата против сезонски грип, а се трошат последните количини. Досега се вакцинирани повеќе од 20 илјади повозрасни граѓани и хронично болни. Најдоцна до понеделник се очекува да пристигнат уште 26 илјади дози од француски производител.

Последната недела се пријавени 112 случаи со грип и заболувања слични на грип. Најмногу заболени има во Скопје, Куманово и Тетово. Доминира возрасната група од 15 до 64 години. Потврдени се осум случаи со грип и четири со ковид.

Најнови вести