Ноќеска во скопски Чаир приреден пречек за поранешниот Вицепремиер, сега обвинет во случајот „Лотарија“ Артан Груби кој излезе од куќен притвор, откако судот му ја укина мерката но одби да му го врати пасошот. Тој е второобвинет во предметот и се товари за злоупотреба на службена положба и овластување и штета од 9,7 милиони евра во државната компанија.
4NEWS.mk објави видео од славјето кое беше приредено за Груби.
Од Кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.
За Груби останува забраната да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен.
По 14 месеци бегство во Косово, Груби во Февруари се предаде на граничниот премин Блаце.