Честит Ден на македонската револуционерна борба

ЕЖЕЊЕ: Дронови го осветлија небото- Гоце е Македонија (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Небото над Скопје осветлено со спектакуларно шоу со дронови на кое беше испишана пораката „Гоце е Македонија“.

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на небото беше прикажан впечатлив светлосен приказ со дронови со ликот на Гоце Делчев, еден од најголемите херои во македонската револуционерна борба.

Со овој приказ се пренесува пораката за историското сеќавање и националниот идентитет.

Видеото, на кое се гледа спектакуларното шоу со дронови, го објави премиерот Христијан Мицкоски.

-Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, напиша Мицкоски во објавата.

Најнови вести