Инцидент

Танкер погоден со дрон во романските територијални води

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Танкерот „Yara J”, кој пловел под знамето на Коморите (островска земја во Индискиот Океан), синоќа бил погоден од дрон во романските територијални води во Црно Море. По инцидентот, на бродот избувнал пожар, по што романските власти почнале спасувачка операција. Според романските медиуми, екипажот го сочинувале сириски државјани. Танкерот „Yara J” е наменет за транспорт на нафта и хемиски производи. Бродот пристигнал од турското пристаниште Јалова и требало да го продолжи патувањето кон Дунав. Не е познато кој би можел да го лансира дронот.

Од Министерство за национална одбрана, Романија велат дека во 1 часот и 34 минути по полноќ, дрон бил детектиран приближно една минута во националниот воздушен простор, југоисточно од Сулина, над романските територијални води, по што исчезнал од радарот.

Националниот воен команден центар го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации со што била испратена порака Ро Алерт. Не се пријавени други упади во националниот воздушен простор. Воздушната тревога престанала прeд 6 часот утрово.

Романија е земја-членка и на НАТО и на Европската Унија. Сличен инцидент се случи пред само неколку дена во бугарските води на Црно Море.

Најнови вести