Дрон погоди трговски брод во романски територијални води во Црното Море

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Трговски брод под знамето на Палау, кој пловел кон Украина, бил погоден од дрон вечерта на 13 ноември во романските територијални води на Црното Море. Во нападот бил оштетен товарен кран на бродот, но нема повредени членови на екипажот, објави романската телевизија „ТВР Инфо“.

Инцидентот се случил на околу 12,6 километри североисточно од Сфанту Георге, во округот Тулча. Станува збор за трговскиот брод „MV Larissa 1“, кој се упатувал кон пристаништето Сулина, пред да продолжи кон крајната дестинација во Украина.

Од ударот бил оштетен еден од товарните кранови на бродот. Не избувнал пожар, а капетанот веднаш ги известил романските поморски власти.

Романскиот министер за одбрана, Штефан-Раду Опрја, го потврдил инцидентот на 14 ноември, за време на посетата на военото пристаниште во Констанца. Тој соопштил дека нема повредени или загинати и дека околностите се предмет на истрага.

Опрја потсетил дека во вечерните часови на 13 ноември во округот Тулча најмалку двапати биле активирани предупредувања за воздушна опасност.

Тој нагласил дека романските вооружени сили постојано ги следат морската акваторија и воздушниот простор во близина на државната граница.

Според министерот, во вакви ситуации може да бидат ангажирани и борбени авиони на романската и шпанската мисија за заштита на воздушниот простор, како и хеликоптери за пресретнување на потенцијалните закани.

Најнови вести