брисел

Самит на Европските лидери: Калас смета оти е важно процесот на проширување да не се претвори во низа билатерални прашања

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пред почетокот на Самитот на Европските лидери во Брисел, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, со став дека една од важните теми на дводневниот самит на Европскиот совет ќе биде проширувањето на ЕУ, бидејќи е важно тој процес да не се претвори во низа билатерални прашања.

Таа, во изјава за новинарите рече дека, кога се разгледува самиот процес на проширување, треба да се има предвид дека Европа е многу мал континент и дека е неопходно да бидеме посилни заедно со земјите што се наоѓаат во Европа.

„Во понеделникот, со министрите за надворешни работи разговаравме и за безбедносните аспекти на проширувањето, односно за тоа што ќе придонесат тие земји за безбедноста на Европската Унија кога ќе станат нејзини членки. Затоа очекувам темелна дискусија и за тоа што ние, од наша страна, треба да направиме“, изјави Калас.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пак ја спомена Македонија и долгогодишните блокади кои ги добива земјата, од друга страна ги повтори барањата кон Црна Гора и остро му одговори на Белград.

„Постојат две држави поради кои институционалното приближување на Северна Македонија кон Европската Унија од 2005 до 2026 година траеше 21 година. Хрватска не го прифати тој пристап“, изјави Пленковиќ.

Тој нагласи дека, и покрај сложеното историско наследство и отворените прашања со Црна Гора, Хрватска настапува конструктивно и очекува конкретни резултати.

Најнови вести