Луксембург

Состанок на советот за надворешни работи на ЕУ, војната во Украина во фокусот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Советот за надворешни работи на Европската унија, предводен од високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се одржува денеска во Луксембург.

Теми на состанокот се војната во Украина, зајакнувањето на санкциите против Русија, одбранбената поддршка за Киев и патот на земјата кон членство во ЕУ. Ќе се дискутира и за сосотојбата на Блискиот Исток и регионалната безбедност.

Меѓународно право исто така е на врвот на агендата, откако САД воведоа нови санкции против Меѓународниот кривичен суд. Ќе се дебатира за потребата од единствен европски одговор.

Министрите ќе разменат мислења за влијанијата од проширувањето врз безбедноста и одбраната на ЕУ, како и за понатамошното продлабочување на соработката со земјите кандидатки.

Најнови вести