Климатски промени

Дождовите од Ел Нињо феноменот предизвикаа поплави во Јужна Америка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Аргентина, Парагвај и Уругвај се соочуваат со големи поплави по излевањето на реките, предизвикано од изобилните дождови. Илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат домовите.

Овој дел од Јужна Америка често е зафатен од изобилни дождови за време на Ел Нињо, природниот климатски феномен во кој потоплите од вообичаените води во Тихиот Океан ги менуваат временските обрасци низ целиот свет.

Прогнозерите велат дека оваа година би можела да биде меѓу најсилните досега, а нејзините ефектите од Ел Нињо веќе се чувствуваат низ Јужна Америка и пошироко, со невообичаено бурна сезона на урагани покрај пацифичкиот брег на Мексико, до тешка суша во Југоисточна Азија.

Најнови вести