Бројот на жртви во поплавите во Истанбул и Коџаели во Турција, се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на уште две исчезнати лица. Потрагата по исчезнатите по големите поплави што го погодија Истанбул на 14 октомври продолжува.
Како што денеска објави ТРТ Хабер, по заедничка операција на поморската полиција и полициски хеликоптер, во Златниот Рог било пронајдено тело на маж.
Телото било идентификувано како телото на 30-годишниот Мурат Бабаџанов, државјанин на Туркменистан.