Девет дена по катастрофалните поплави, надеж за преживеани под урнатините се појавија во Непал. Спасувачите извлекле две лица од тунел поврзан со хидроцентрала.
Надлежните се надеваат дека дел од околу 900 луѓе кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали можеби се живи, бидејќи за време на поплавите се засолнувале или работеле во тунелите.
Потрагата е исклучително тешка бидејќи
поплавите значително го промениле теренот.
Во поплавите, предизвикани од уривање на глечер, загинаа повеќе од 1.200 луѓе, додека над 4.000 сè уште се водат како исчезнати. Природната катастрофа уништи и околу 10 насто од производствените капацитети за електрична енергија во Непал.
Непал објави дека планира да го обнови системот за рано предупредување за лизгање на земјиштето по должината на дел од границата со Кина. Системот за рано предупредување би им дал на властите само неколку минути да ги известат населбите низводно за нов бран поплави. Сепак, дури и толку кратко време може да биде одлучувачко.