Шести ден протести во Албанија и денес сликата не е ништо поразлична.
Демонстрантите се собраа пред Министерството за образование а полицијата интервенира со употреба на водени топови и солзавец.
По околу еден час престој на демонстрантите пред Министерството за образование, полицијата започна интервенција за нивно растерување, објави Еуроњус Албанија.
Со две возила со водени топови и голем број полициски сили, припадниците на полицијата започнаа со потиснување на демонстрантите, при што употребија и солзавец.
Во меѓувреме, за време на интервенцијата, полицијата приведе и задржа повеќе демонстранти.