Насилни демострации

Солзавец, пожари и судири на антивладините протести во Албанија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Судири избувнаа во албанскиот главен град Тирана и вчера, во неделата. Антивладините немири влегоа во шестиот ден. Демонстрантите се судрија со полицијата, фрлајќи камења, молотови коктели, ракети и огномет, а полицијата одговори со солзавец, водни топови и палки. Толпата одново нападна владини згради, банки и бизниси. На шестиот ден од насилните протести, повредени се 16 полицајци.

Насилството ескалираше откако средношколци и студенти се приклучија на пошироко антивладино движење кое бараше оставка од социјалистичкиот премиер Еди Рама. Најновите протести следат по месеци митинзи во Тирана организирани од таканареченото движење ,,Фламинго”.

Движењето почна како спротивставување на голем туристички проект на јужниот брег на Албанија, поврзан со инвестициска фирма основана од Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп.

Во обраќање до јавноста, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека странски фактори стојат и зад актуелните протести во земјата, при што директно ја спомена и вмешаноста на Иран.

Европската комисија го осуди насилството за време на протестите во Тирана и другите градови во Албанија. Од Брисел порачаа дека одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Најнови вести