Инцидент се случил за време на протестот пред зградата на Владата во Тирана, кога двајца демонстранти се одвоиле од толпата и со железна шипка почнале да удираат по вратата на зградата на Претседателството на Собранието.
По пријавата за инцидентот, полициските службеници веднаш интервенирале и се упатиле кон местото на настанот. По пристигнувањето, поставиле полициски кордон пред зградата.
Според информациите, кон објектот биле фрлани и камења. Полицијата интервенирала и привела неколку демонстранти.