Извештај

ПРАВДАТА ДОЦНИ: 2025 завршила со над 130 000 нерешени предмети

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Судовите во Македонија ја завршиле 2025 година со 134.610 нерешени предмети. Од вкупно 425 претставки по кои постапувал Судскиот совет, само 13 биле оценети како основани, стои во податоците од годишните извештаи што денеска се пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во текот на изминатата година до Судскиот совет биле поднесени 90 нови барања за поведување постапка за утврдување одговорност, кои опфаќале вкупно 161 судија.

За секое барање бил формиран посебен предмет, а по него постапувала тричлена комисија составена од членови на Советот, избрани по пат на ждрепка.

Од вкупно 34 судови, 18 добиле оценка дека се неажурни и го зголемиле бројот на нерешени случаи. На листата се најдоа Врховниот суд, Управниот и Вишиот управен суд, апелационите судови во Скопје и во Битола, како и Основниот граѓански суд Скопје.

На дневен ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Судскиот совет и Извештајот на Судскиот буџетски совет за реализацијата и трошењето на средствата од судскиот буџет за 2025 година.

Најнови вести