Фондот за здравствено осигурување во август 2026 година исплатил 623.150.780 денари по основ на надоместок на плата за привремена спреченост за работа, од кои дури 414.050.780 денари се исплатени за породилни отсуства.
Станува збор за исклучително висока месечна реализација, постигната со засилена обработка на предметите и внимателно планирање на расположливите средства, со јасна цел – исплатите кон осигурениците да се одвиваат редовно и со стабилна динамика. Од Фондот велат дека биле создадени услови надоместоците за боледување, а особено надоместоците за породилно отсуство, да се исплаќаат тековно и редовно.
Посебен приоритет им бил даден на исплатата на породилните надоместоци, по насока на генералниот директор на Фондот, м-р Златко Перински.
Редовната исплата на боледувањата, со посебен фокус на породилните надоместоци, останува еден од приоритетите на раководството на Фондот, паралелно со обезбедувањето финансиска стабилност и непречено извршување на сите останати обврски кон осигурениците и здравствениот систем.