Меѓународниот аеродром „Сукарно-Хата“ во Индонезија ги прекина сите летови, поради вулканска пепел од продолжената ерупција на вулканот Анак Кракатау, соопшти управата на главниот аеродром во Џакарта на Инстаграм.
Од забраната се засегнати 33 лета, меѓу кои и неколку меѓународни, соопшти индонезиското Министерство за транспорт.
Вулканот Анак Кракатау еруптираше во петокот вечерта, а вулканска пепел била забележана на аеродромот рано утринава. Индонезискиот Центар за вулканологија и ублажување на геолошките опасности соопшти дека вулканскиот пепел се проширил и кон делови од Џакарта и провинцијата Лампунг. Службата за справување со катастрофи соопшти дека поради ерупцијата нема непосредна опасност од цунами.