Производителите на чоколадо се соочуваат со намалена побарувачка во пресрет на овогодишната Ноќ на вештерките во САД, покажуваат податоците на истражувачката компанија NIQ.
Според истражувањето, потрошувачите сè почесто се откажуваат од купување слатки поради зголемените трошоци за живот, но и поради сè поголемата ориентираност кон поздрав начин на исхрана, пренесува Ројтерс.
Продажбата на чоколадо за Ноќта на вештерките се намалила за 33,1 милион долари, односно околу 28,3 милиони евра, во деветте недели заклучно со 17 октомври, споредено со истиот период минатата година.
Ова е најголемиот пад на продажбата во последните најмалку три години, покажуваат податоците на NIQ.