Речиси сите летови во Белгија денеска се откажани поради национален штрајк на кој се приклучија и контролорите на летање. Аеродромот во Брисел, најголемиот во Белгија, објави дека ги откажува повеќето дојдовни и појдовни летови
Во интерес на безбедноста, ќе бидат опслужувани само неопходните услуги за итни случаи. На патниците им се советува да го проверат статусот на својот лет кај нивната авиокомпанија.
Белгиската компанија за контрола на воздушниот сообраќај „Скиес“ објави дека нема да воспоставува редовни услуги за контрола на воздушниот сообраќај денеска од 7 до 21 часот. Ова важи за белгиските аеродроми и воздушниот простор за кој е одговорна компанијата.
Штрајкот е насочен кон протест против мерките за штедење од страна на владата на премиерот Барт де Вевер, која се обидува да го намали буџетскиот дефицит.
Политичката криза дополнително се засили претходно овој месец, кога Де Вевер понуди оставка поради невозможноста за постигнување договор за буџетот. Кралот Филип од Белгија одби да ја прифати неговата оставка.