ЕКСПЛОЗИЈА ВО ФАБРИКА ЗА ЧЕЛИК ВО ТУРЦИЈА: Најмалку 16 лица загинаа

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку 16 лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија во фабрика за челик во западниот дел на Турција.

Експлозијата се случила во фабриката за железо и челик „Хабас“ (Habas), во провинција Измир, потврди претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган по седницата на Владата.

Според локалните медиуми, несреќата се случила кога попуштил мостовски кран, кој потоа паднал во електролачната печка за време на процесот на леење течен челик.

Повредените се пренесени во неколку болници во регионот, а според податоците на надлежните служби, тројца од 14 повредени се во тешка клиничка состојба.

Најнови вести