Претседателски избори

БУГАРИЈА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Според анкетите, Илијана Јотова е фаворит

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бугарија избира претседател. На изборите учествуваат 27 кандидати. Според анкетите, главната политичка трка се води меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и економистот Андреј Ѓуров. Сепак се очекува двајцата кандидати да си ги одмерат силите на први ноември.

Илијана Јотова, поранешна новинарка и истакната членка на Социјалистичката партија, во јануари го наследи Румен Радев, кој поднесе оставка од претседателската функција за да учествува на парламентарните избори, по кои стана премиер.

Нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров, поранешен вицегувернер на Бугарската народна банка и поранешен вршител на должноста премиер, застапува цврста евроатлантска ориентација.

Во фокусот на кампањата беа безбедносните прашања, по нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црно Море.

Иако претседателот на Бугарија има претежно претставничка улога, тој располага со право на вето на законите и е врховен командант на вооружените сили.

Најнови вести