Платформата „Студентарија“ објави видео снимки направени од студентите сместени во домот ,,Стив Наумов”. Од видео материјалите се гледа поплавена соба, бучава од системот за греење
„Станува збор за студентски дом, кој оваа академска година повторно прими студенти по обемна реконструкција, поради што ваквите проблеми дополнително го отвораат прашања за квалитетот на изведените работи и за тоа дали сите недостатоци биле отстранети пред вселувањето на студентите“, објавија од ,,Студентарија”
Министерството за образование и наука пред неколку денови, потврди дека во „Стив Наумов” имало „инциденти”, посочувајќи дека бил откорнат радијатор, се активирал алармниот систем и биле паркирани автомобили на зелените површини во дворот на домот. Од Министерството нагласија дека дел од недостатоците може да се појават во текот на користењето на објектот, но проблемите може да бидат предизвикани и од несовесно однесување од страна на корисниците.