За двете сообраќајни несреќи со смртни последици викендов, кај Куманово и кај Битола, дежурни јавни обвинители извршија увиди на лице место, издадоа наредби за обдукција, како и за дополнителни вештачења.
Наредена е детална проверка на околностите во кои се случиле сообраќајките.
– Во Куманово, за едно лице е побаран краткотраен 48 часовен притвор за обезбедување докази по однос на евентуална одговорност.
– Во Битола, првичните резултати упатуваат на сомненија дека едниот од возачите со автомобилот преминал во коловозот во спротивен правец и директно се судрил со другиот автомобил. Возачот во моментов е хоспитализиран со тешки телесни повреди.