Девојче горено со цигара, ученик нападнат во тоалет: Пет нови случаи на врсничко насилство

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Загрижувачки податоци во училиштата.
Билтените на МВР регистрираат нови случаи на врсничко насилство.

Само во неколку дена пријавени се пет случаи и тоа во Скопје, Тетово и Кавадарци, што повторно ја отвора загриженоста за безбедноста на децата.

Во Скопје се регистрирани три инциденти. Во основно училиште во Радишани, малолетно момче било физички нападнато од неколку врсници во училишниот тоалет. Во населбата Бит-пазар, малолетна девојка била нападната од неколку девојчиња, а нападот бил снимен и објавен на социјалните мрежи.

Во Тетово, 14-годишно момче било нападнато од пет малолетници на улицата „Страшо Пинџур“.

Во Кавадарци две малолетнички нападнале девојче, при што едната ја држела, а другата ја горела со цигара.

За случајот во Кавадарци се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи, додека полицијата презема мерки за расчистување на инцидентите.

Најнови вести