Акција во Зубин Поток

Деветмина Срби уапсени на Косово под сомнение за воени злосторства

Косовската полиција уапси деветмина Срби во акција спроведена по налог на Обвинителството на Косово. Белград тврди дека меѓу приведените има и 90-годишен маж и ја обвинува Приштина за притисок врз српското население.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Деветмина Срби се уапсени утрово, по акција на косовската полиција спроведена во Зубин Поток, во рамките на случајот „Група интелектуалци“.

Акцијата под кодно име „Досие 23“, е изведена по налог на Обвинителството на Косово, а ги опфатила селата Дриен, Калудра, Вељи Брег, Црепуља и Угљаре, во општина Зубин Поток.

Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада соопшти дека меѓу приведените има и 90-годишен маж и ја обвини Приштина дека со акцијата врши притисок врз српското население.

Косовските власти најавија дека дополнителни детали во текот на денот.

Најнови вести