унгарија

(ФОТО) Маѓар на Фејсбук: Приведен е братот на Виктор Орбан, осомничен за трговија со луѓе

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар на Фејсбук.

„Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен поради сомнение за трговија со луѓе. НВВХ и Националното истражно биро ја продолжуваат истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи.

Маѓар на Фејсбук напиша дека „Виктор Орбан потврди дека истражните органи го привеле неговиот помлад брат, Арон Орбан. Поранешниот премиер, секако, на својот препознатлив начин веднаш почна да ја префрла вината врз другите и, како „храбар“ уличен борец, веднаш се постави во улога на жртва“.

„Како што ќе посееш, така и ќе пожнееш…“

Според информациите објавени од порталот „Портфолио“, утрово Националната канцеларија за враќање и заштита на имотот (НВВХ) и Националната истражна агенција (ННИ) спровеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во рамки на случај поврзан со трговија со луѓе.

Според официјалното соопштение, во две паралелни кривични постапки биле уапсени неколку лица, а во нивните домови биле извршени претреси.

НВВХ беше меѓу првите институции што започнаа да го истражуваат случајот поврзан со Арон Орбан, во кој, според претходните информации објавени во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печуј, што можело да им го олесни добивањето шенгенска виза.

Арон Орбан, исто така, интервенирал во еден случај со цел да го забрза разгледувањето на барањето за виза, наведува порталот.

Најнови вести