Дуан „Кефе Д“ Дејвис е осуден на 40 години до доживотен затвор за организирање на убиството на американскиот рапер Тупак Шакур во 1996 година. 63-годишниот Дејвис, поранешен лидер на озогласената улична банда ,,Саут Сајд Комптон Крипс”, поротата го прогласи за виновен во август, за убиство од прв степен, со употреба на смртоносно оружје.
Оние што пред судот го чекаа финалното обвинение, со разочарување изјавија дека правдата не е задоволена.
Пред три децении, Тупак Шакур беше застрелан во близина на Лас Вегас Стрип, додека бил на совозачкото седиште, во БМВ со музичкиот могул, Марион „Шуџ“ Најт. На 7 септември 1996 година, бел Кадилак застанал на црвено светло, а од него биле испукани куршуми. Шакур почина шест дена подоцна. Најт преживеа.
Случајот остана нерешен со години се додека Дуан Дејвис не ја опиша својата улога во интервјуа и во мемоари од 2019 година. Тој објави дека подал пиштол на задното седиште на Кадилакот, каде што неговиот внук, Орландо „Бејби Лејн“ Андерсон, ги испукал куршумите.
Андерсон и другите двајца мажи за кои се тврди дека биле во автомобилот веќе се починати.
Обвинителите тврдеа дека Дуан Дејвис го оркестрирал пукањето како одмазда за тепањето што неговиот внук го претрпел од придружбата на Шакур неколку часа претходно. Адвокатот на Дејвис, Мајкл Санфт, рече дека планира да поднесе жалба.
Тупак беше културна икона. Имаше 25 години и беше на врвот на својата кариера кога почина. Беше познат по својата уникатно искрена музика која зборуваше за искуствата на афроамериканците и тешкотиите со кои се соочуваат, а неговата работа во голема мера го отвори патот за идните генерации на рап и хип-хоп сцената.